Достапни линкови

Сирија: Турција се обидува да ги зголеми тензиите на границата


Сириската армија соопшти дека Турција реагирала „избрзано“ при уривањето на сирискиот хеликоптер што навлегол во турскиот воздушен простор, обвинувајќи ја владата на Ердоган дека сака да ги зголеми тензиите по должината на границата. Турскиот министер за надворешни работи Ахмет Давутоглу соопшти дека Анкара ќе го информира Советот за безбедност на ОН и НАТО за деталите под кои е урнат сирискиот хеликоптер.
Сириски воен хеликоптер Ми-17 навлегол на два километри во воздушниот простор на Турција, по што турски воени авиони го урнале леталото кое паднало на сириска територија, на 400 метри од округот Јалдаги.
Турско сириската граница е долга 900 километри. Во Турција од почетокот на конфликтот во Сирија засолниште добиле околу 500 илјади сириски бегалци.
XS
SM
MD
LG