Достапни линкови

Премиерот Груевски во посета на Хрватска


Претседателот на Владата на Република Македонија Никола Груевски денеска ќе престојува во официјална посета на Република Хрватска.
За време на престојот ќе има тет-а-тет средба со неговиот домаќин, хрватскиот премиер Зоран Милановиќ, по што ќе следат официјални разговори – пленарен состанок на делегациите на Република Македонија и Република Хрватска. Премиерот Груевски ќе има средби со хрватскиот претседател Иво Јосиповиќ и со претседателот на Собранието на Хрватска Јосип Леко.
Предвидена е и средба со претставници на Заедницата на Македонци во Република Хрватска.
XS
SM
MD
LG