Достапни линкови

logo-print

Лавров и Фабиус ќе разговараат за резолуцијата на ООН за Сирија


Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров денеска во Москва ќе се сретне со неговиот француски колега, Лоран Фабиус, за да разговараат околу резолуцијата за Сирија. За текстот на нацрт резолуцијата на Советот за безбедност која би ја повикала Сирија да се откаже од хемиското оружје, имало разлики меѓу Русија и другите сили.
Според договорот помеѓу Русија и САД се бара Дамаск да го уништи хемиското оружје до средината на 2014 година.
Сето ова следува по објавениот извештај на ООН во кој Франција, Велика Британија и САД велат дека нема сомнение оти владата во Сирија е одговорна за употребата на хемиското оружје, додека Русија е на ставот дека не може да се отвфрли ниту одговорноста на бунтовниците.
XS
SM
MD
LG