Достапни линкови

Пакистан: Малала е добитничка на наградата на Амнести интернешанал


Амнести интернешанал соопшти дека својата највисока награда и ја доделила на пакистанската активистка за образование и кандидат за Нобеловата награда за мир, Малала Јусафзаи. Групата за човекови права со седиште во Лондон соопшти дека таа наградата ќе ја дели со американскиот активист за човекови права и пејач, Хари Белафонте. Малала е ученичка и поранешен Би Би Си блогер и пишува за животот под притисокот на Талибанците и нејзините ставови за промовирање на образованието за девојките.
XS
SM
MD
LG