Достапни линкови

Екс морнарички резервист е напаѓачот во Вашингтон


Арон Алексис

Арон Алексис

Човекот кој беше застрелан откако уби 12 луѓе во зградата на Воената морнарица во Вашингтон е 34 годишниот Арон Алексис, поранешен морнарички резервист. Тој беше убиен во престрелка со полицијата. Мотивите за неговиот напад се уште не се познати.

Во нападот Арон Алексис ранил и осум други лица. Според очевидците, тој отворил оган од четвртиот кат на зградата на Воената морнарица врз луѓе кои биле во кантината на првиот кат.

Валери Парлав, помошник директор на Федерлното истражно биро во Вашингтон побара од јавноста подетални информации за напаѓачот.

„Можеме да потврдиме дека загинатиот напаѓач од ова утро е идентификуван како 34 годишниот Арон Алексис од Форт Ворт во Тексас. Неговите фотографии се на интеренет и ако имате некоја информација во врска со него, контактирајте не.“

Американската Воена морнарица соопшти дека Алексис порано бил офицер со низок ранг, односно од третта класа кој служел како морнарички резервист од 2007 до 2011 година.

Тоа е пукање насочено кон нашиот воен и цивилен персонал. Тоа се луѓе и жени кои одат на работа и си ја вршат таа работа, заштитувајќи не. Тие се патриоти. И тие ги знаат опасностите од служењето во странтво, но денеска тие се соочија со невидено насилство што не би можело да го очекуваат дома.
Во моментот на пукањето тој работел под договор во една фирма која била подизведувач за обнова и одржување на опремата користена во Воената морнарица.

Агенцијата Ројтерс пренесува изјава од претседателот на фирмата која ги извршувала овие работи кој вели дека Алексис бил вработен како цивилно лице со воена идентификациска карта. Федералното истражно биро соопшти дека тој имал важечка дозвола за влез во Воената морнарица во Вашингтон.

Извештаите велат дека дека Алексис станал Будист и оти претходно имал проблеми со законот поврзани со оружје.

Зградите на Сенатот и блиските училишта беа затворени за време на потрагата по уште еден или двајца евентуални напаѓачи, кои според некои наводи, биле облечени во униформи.

Меѓутоа, полицијата соопшти дека Алексис бил единствен кој го извршил нападот.

Американскиот претседател Барак Обама изјави дека жали за, како што рече, „уште едното масовно убиство“ кое го оцени како кукавички чин.

„Тоа е пукање насочено кон нашиот воен и цивилен персонал. Тоа се луѓе и жени кои одат на работа и си ја вршат таа работа, заштитувајќи не. Тие се патриоти. И тие ги знаат опасностите од служењето во странтво, но денеска тие се соочија со невидено насилство што не би можело да го очекуваат дома.“

Обама нареди знамињата на федералните згради до петок да бидат спуштени на половина копје. Белата куќа исто така реши да откаже некои претходно закажани прослави.

Во морнаричкиот комплекс во Вашингтон се вработени околу 3 илјади луѓе и тоа е најстарото пристаниште на американската морнарица.

Ова е најтежок напад во некоја американска воена установа од 2009 година кога мајорот Нидал Хисан, воен психијатар уби 13 луѓе и рани триесетина други во Форт Худ во Тексас. Тој во минатиот месец беше осуден на смртна казна.
  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG