Достапни линкови

„Динамогени“ на Сергеј Дамовски во Галеријата на МКЦ


Слика на македонскиот сликар Сергеј Дамовски.

Слика на македонскиот сликар Сергеј Дамовски.

„Динамогени“ е насловена изложбата на уметникот и педагог Сергеј Дамовски, што од 13 до 30 септември, се одвива во Галеријата на Младинскиот културен центар во Скопје. Станува збор за постановка од 11 платна работени во маслена и акрилна техника, стилски и идејно поврзани во една целина која им е посветена на оние кои произведуваат сила, енергија, оние кои делуваат со сопствената внатрешна енергија.

Триптихот „Динамо“, диптихот „Полемика“, потем „Жив“, „Мртов“, „Лунари“, „Изгорени“, „Сува“ и „Ѕвездена“ се насловите на 11 платна работени со маслена и акрилна техника што се претставени на актуелната изложба на уметникот Сергеј Дамовски, која озаглавена како „Динамогени“ се одржува во Галеријата на Младинскиот културен центар од Скопје. Сите тие се стилски и идејно поврзани со што сочинуваат една целина, но произведуваат различни чувства и визуелен простор.
„Динамогени“ е продолжување на сето она што беше претставено со „Озрачени“, но повеќе како естетика. Нема некоја ангажирана приказна каде што треба да се разбере некоја порака. Се работи за прикажување на естетиката која што е поврзана со сликарските техники само што овде имаме подруга, поголема димензија и воопшто стилот на работа беше експресивен. Значи, да се исчисти сè она што може да биде некоја реалистичка форма на претставените портрети и фигури.

Авторот вели дека нивниот дизајн е инспириран од луѓето и дека со оваа постановка тој всушност го заокружува циклусот зачнат со „Озрачени“, минатогодишната самостојна изложба што се случи во скопската „Галерија 8“.

„Динамогени“ е продолжување на сето она што беше претставено со „Озрачени“, но повеќе како естетика. Нема некоја ангажирана приказна каде што треба да се разбере некоја порака. Се работи за прикажување на естетиката која што е поврзана со сликарските техники само што овде имаме подруга, поголема димензија и воопшто стилот на работа беше експресивен. Значи, да се исчисти се* она што може да биде некоја реалистичка форма на претставените портрети и фигури“, истакнува уметникот.

Роден на 26 јуни 1963 година, во Чорух-Дајрон, во некогашниот Советски Сојуз, Сергеј Дамовски дипломирал педагогија со вајарство на Факултетот за ликовни уметности во Скопје и денес работи како професор во СУГС „Орце Николов“.

Во изминативе три децении активно учествува во културниот живот во нашава земја. Зад себе има седум самостојни изложби, учествувал на многу групни постановки и колонии, а за своето творештво добитник е на бројни награди и признанија од кои посебно за издвојување се наградата за најдобар портрет на
Сè поминува кај нас. Сè може на некој начин да пројде како проекција. Жалосно е да се нема една критична маса. И, не е во прашање само економската состојба на луѓето туку и ликовната критика не прави некој чекор повеќе во однос на начинот на размислување. Да те пофали или да те искара. Еве и мојава изложба ќе пројде, а јас не знам дали ќе прочитам два збора повеќе сем дека се случила. Јас на отворањето не видов ниту еден ликовен критичар. Срамота е така да се однесуваат.
ДЛУМ од 2004 година и годинешната „Јордан Грабул“ за вајарство.

За себе знае да каже дека е вајар кому одвреме навреме му се случуваат и вакви сликарски изложби кои си го бараат и изнаоѓаат своето место во вкупното творештво. Тој дополнува дека денес уметноста без меценство или без посебен ангажман од страна на уметникот околу изнаоѓањето на средства за изложби и не е пријатна работа. Вели дека за една изложба на скулптури само за материјал нему би му требале најмалку 600.000 денари, а за изложба на слики - десеттина пати помалку.

„Така некако, она што ми е главна преокупација - скулптурата, остана малку настрана затоа што тие проекти што јас мислев да ги изведам требаше да бидат во еден поскап материјал каков што е мемерот. Не успеав да се снајдам во тоа менаџирање и собирање на средства и едноставно што ми остана како опција е да ја завршам оваа идеја што веќе ми се мотка во глава цели 20-тина години – да се случи „Динамоген“.

Дамовски дополнува дека во последниве години многу тешко се живее од уметност, дека не се купува оти едноставно луѓето немаат пари. Дури и кога би се размислиле дали ќе купат слика или нешто што им треба за дома, тие дефинитивно би се одлучиле за второто.

„Не само што немаме некоја си традиција на купување на уметнички дела туку и навистина сме финансиски доста немоќни. Од друга страна, пак , голема срамота е на пример кога во едно дело ќе вложиш година - две работа, толку напори и нервози, сето тоа да биде оставено колку да поминеш десеттина дена. “

Како педагог, тој истакнува дека кај нас има доста талентирани млади луѓе, но дека ниту средината ниту времето во кое живееме не им се наклонети да работат на сопствената наобразба.

„Сè поминува кај нас. Сè може на некој начин да пројде како проекција. Жалосно е да се нема една критична маса. И, не е во прашање само економската состојба на луѓето туку и ликовната критика не прави некој чекор повеќе во однос на начинот на размислување. Да те пофали или да те искара. Еве и мојава изложба ќе пројде, а јас не знам дали ќе прочитам два збора повеќе сем дека се случила. Јас на отворањето не видов ниту еден ликовен критичар. Срамота е така да се однесуваат. Како ликовна критика таа треба да ги покрие сите автори. Тие заслужиле тоа да го добијат. И, во една таква средина, нормално е младите луѓе да губат волја да работат проекти од областа на културата.“
  • 16x9 Image

    Љупчо Јолевски

    Како новинар, водител и уредник Јолевски во новинарството е безмалку 4 децении. Кариерата ја почнал во Млад Борец на почетокот од 1980-тите. Потем долги години бил во Телевизија Скопје и во Македонското радио - Втора програма, како и во други медиуми. Во Радио Слободна Европа Јолевски е од самиот почеток на емитувањето на програмата на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG