Достапни линкови

Почна судењето за обвинетите во Фаланга 2


Паско Кузман

Паско Кузман

Почна судскиот процес против обвинетите во полициската акција Фаланга 2 кои се товарат за вршење нелегални ископувања и одземање археолошки предмети. Меѓу обвинетите е и поранешниот директор на Управата за заштита на културното наследство Паско Кузман, кој одговара за злоупотреба на службената положба.
Тој беше уапсен во јули годинава под сомнение дека на две лица им издал согласност да вршат ископување во околината на Катланово и Делчево. Според обвинението, во издадените одобренија не биле наведени точните локации каде што требало да се изведуваат ископувањата.
XS
SM
MD
LG