Достапни линкови

Дваесет и две лица осомничени, 17 притворени во аферата „шпион“


Во рамки на полициската акција „Шпион“ која течела во изминатите две години, доцна синоќа и изутрината приведени се 17 лица, а постојат сомненија за шпионажа, злосторничко здружување, уцена и измама, за инволвирани 22 лица. По три лица се трага, а од осомничените двајца веќе издржуваат казна затвор по друга основа, изјави портпаролот на МВР Иво Котевски
Според портпаролот Иво Котевски, најверојатно се работи за прв случај на шпионажа не само во Република Македонија, туку и во регионот.
Осомничените, според првичните информации, соработувале со странски безбедносни служби, оддавале државни тајни и класифицирани информации со различен степен.
Лицата имале контакти и со поранешни високи политичари и им оддавале инфорамции што се однесувале на општата безбедност и политичката состојба во Република Македонија, изјави Котевски, додавајќи оти се очекува во наредните 24 часа лицата да бидат изведени пред надлежен истражен судија.
Од притворените има вработени двајца во Агенцијата за разузнавање, еден во Собранието, актуелни и поранешни вработени во МВР, во одбраната, Државниот архив, Управата за финансиско разузнавање, но и сопственици и вработени во приватни фирми.
XS
SM
MD
LG