Достапни линкови

ОН има докази за употреба на хемиско оружје во Сирија


Инспекторите на Обединетите Нации соопштија дека имаат „јасни и убедливи докази“ дека хемиско оружје било користено против цивили, меѓу кои и деца за време на нападот на 21 август во Сирија.
Според инспекторите, природни, хемиски и медицински докази сугерираат дека ракети од типот земја – земја содржеле нервен агенс сарин кој бил користен кај Гоута кај Дамаск на 21 август кога загинаа стотици луѓе.
Извештајот на инспекторите беше предаден во Советот за безбедност на Обединетите Нации каде ќе биде презентиран од генералниот секретар Бан Ки Мун. Инспекторите не се овластени да кажат кој го извршил хемискиот напад.
ONОвој извештај се очекува да даде нов момент на америкабско рускиот договор за ставање под контрола на хемиското оружје на режимот на Башар ал Асад.
XS
SM
MD
LG