Достапни линкови

Сигнали за приближување меѓу Иран и САД


Иранскиот министер за надворешни работи Мухамед Џавад Зариф изјави дека Техеран е подготвен да гради доверба со Соединетите Држави во врска со нуклеарната програма. Изјавата на Зариф за една либанска телевизија доаѓа само еден ден откако американскиот претседател Барак Обама изјави за Еј Би Си дека со иранскиот претседател Хасан Рохани размениле писма. Ваквите сигнали ги поттикнаа шпекулациите дека Обама и Рохани би можеле да се состанат на маргините на Генералното собрание на Обединетите Нации, што започнува наредната недела во Њујорк. Зариф веќе потврди дека ќе има средба со шефот на британската дипломатија Вилијам Хејг.
XS
SM
MD
LG