Достапни линкови

Повторно отворена индустриската зона Кесонг


Границата меѓу Северна и Јужна Кореја, 16.09.2013

Границата меѓу Северна и Јужна Кореја, 16.09.2013

Заедничката индустриска зона меѓу Северна и Јужна Кореја, Кесонг, денеска повторно е отворена, откако 5 месеци не работеше поради политичките тензии меѓу двете земји. Агенциите јавуваат дека долги колони возила започнале да ја минуваат границата со Северна Кореја, бидејки во индустриската зона Кесонг работат околу 800 јужно-корејски менаџери и работници. Во комплексот, кој е на северно-корејска територија, има 120 јужно-корејски фабрики во кои се вработени 53.000 северно-корејци.
XS
SM
MD
LG