Достапни линкови

Француско-британско-американски разговори за Сирија


Францускиот претседател Франсоа Оланд денеска во Париз ќе се сретне со шефот на британската дипломатија Вилијам Хејг и со американскиот Државен секретар Џон Кери, со кои ќе разговара за кризата во Сирија.
Синоќа Оланд изјави дека за резолуцијата на ОН за Сирија ќе биде гласано до крајот на оваа недела. Оланд, говорејќи во живо на телевизијата ТФ1, истакна дека договорот меѓу САД и Русија постигнат во саботата, за искоренување на сириското хемиско оружје, е важен чекор, но не и крајна точка. Тој додаде дека политичкото и дипломатско решение за сирискиот конфликт е можно, но оти опцијата за воен напад мора да остане на маса, во случај Сирија да не се придржува на договорот.
XS
SM
MD
LG