Достапни линкови

Бан Ки Мун ќе го презентира извештајот за Сирија


Генералниот секретар на ОН Бан Ки Мун денеска во Советот за безбедност ќе го презентира многу очекуваниот извештај за употреба на хемиско оружје во Сирија. Тој подоцна ќе го информира за тоа и Генералното собрание. Извештајот е подготвен од тим инспектори на ОН за хемиско оружје, чиј мандат беше да утврдат дали во Сирија биле користени смртоносни агенси, но не и кој бил одговорен за тоа.
Бан во петокот рече дека верува оти извештајот ќе потврди дека на 21 август во нападот во близина на Дамаск било користено хемиско оружје.
XS
SM
MD
LG