Достапни линкови

Индустриската зона Каесонг повторно работи


Заедничката индустриска зона меѓу Северна и Јужна Кореја денеска повторно е отворена, пет месеци откако таа беше затворена поради политички тензии. Според извештаите, долга колона возила изутринава ја минала севернокорејската граница, упатувајќи се кон индустрискиот комплекс Каесонг. Повеќе од 800 јужнокорејски менаџери и работници патуваат во зоната да го надгледуваат рестартирањето на работата.
Индустриската зона, која се наоѓа на севернокорејска територија, е клучен извор на приходи за Пјонгјанг. Во комплексот има околу 120 јужнокорејски фабрики во кои работат 53 илјади Севернокорејци.
XS
SM
MD
LG