Достапни линкови

Цистерни со гориво за НАТО уништени во пожар во Пакистан


Најмалку 9 цистерни кои превезувале гориво за силите на НАТО стационирани во Авганистан биле уништени во пожар во југозападен Пакистан. Инцидентот се случил во саботата во близина на градот Хуб во провинцијата Балочистан, на границата со Авганистан и Иран. Нема информации за евентуални загинати и повредени, а засега е нејасно кои се причините за пожарот. Според некои извештаи, тој настанал по експлозијата на едно од возилата.
Претставник на полицијата изјави дека група милитанти истрелала ракети кон цистерните, меѓутоа локалниот полицаец Наваз Чема тврди оти во областа не било слушнато пукање. Тој не ја исклучи можноста од експлозија причинета од импровизирана експлозивна направа.
XS
SM
MD
LG