Достапни линкови

logo-print

Десетици загинати и ранети во серија напади во Ирак


Властите во Ирак соопштија дека во бранот напади, од кои повеќето со автомобили бомби во областите со доминантно шиитско население во централен и јужен Ирак, загинале најмалку 46 луѓе, а повеќе од 130 биле ранети.
Најсмртоносниот напад бил извршен вчера во градот Хила, каде што автомобил бомба уби најмалку 19 лица.
Ријад ал Адад, шеф на регионалниот совет на Багдад, поминал без повреди во обидот за убиство, во кој автомобил бомба експлодирал во неговиот конвој. Во нападот три лица загинале, а 4 биле ранети.
Смртоносни напади биле изведени и во Карбала, западен Багдад, Искендерија, Басра, Насирија и во Кут.
XS
SM
MD
LG