Достапни линкови

logo-print

Ракометарките на Вардар се пласираа во Лигата на шампиони


Женскиот ракометен шампион на Македонија, ЖРК Вардар СЦБТ обезбеди пласман во групната фаза од Лигата на шампионите. Ракометарките на Вардар СЦБТ синоќа во Еболи, во близина на Салерно, Италија во финалниот дуел од квалификациската група го победија францускиот вицешампион Флори Луар со 33:25 (18:11).
Завчера во полуфиналето, вардарки го совладаа домаќинот на групата Салерно со 35:16.
Во лигата на шампионите ЖРК Вардар ќе игра во групата Д, заедно со екипите на: Ларвик (Норвешка), Бера Бера (Шпанија) и Подравка (Хрватска).
XS
SM
MD
LG