Достапни линкови

Светските лидери го поздравија договорот за Сирија


Aмериканскиот државен секретар Џон Кери и рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров

Aмериканскиот државен секретар Џон Кери и рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров

Светските лидери го поздравија договорот меѓу Русија и САД во кој е предвидено Сирија да го уништи хемиското оружје кое го поседува до средината на наредната година. Договорот беше постигнат вчера во Женева меѓу американскиот државен секретар Џон Кери и рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров. Според Кина, договорот ќе помогне да се смири кризата во Сирија и мирно да се реши проблемот со хемиското оружје на земјата.
Шефот на Арапската лига Набил ал Араби го нарече договорот чекор напред до пронаоѓањето на политичко решение. Сириските власти наведоа дека тоа е победа за земјата со коај се спречува војна. Опозициската сириска национална коалиција соопшти дека не верува оти лидерот на земјата Башар ал Асад ќе го исполни ветувањето.
XS
SM
MD
LG