Достапни линкови

Средба на иранските и британските власти во Њујорк


Британскиот министер за надворешни работи Вилијам Хејг

Британскиот министер за надворешни работи Вилијам Хејг

Претставници на британските и иранските власти ќе се сретнат на маргините на Генералното Собрание на ОН во Њујорк. Британските власти побараа британскиот министер за надворешни работи Вилијам Хејг да се сретне со неговиот ирански колега Мохамед Јавад Зариф по изборот на новиот претседател на земјата Хасан Јохари во јуни.
Датумот се уште не е одреден, но Генералното собрание ќе се одржи од 17 септември до 4 октомври. Средбата на високо ниво на ОН за нуклеарно разоружување ќе се одржи на 26 септември. Британија и Иран индицираа дека сакаат да ги обноват дипломатските односи.
.
XS
SM
MD
LG