Достапни линкови

Турција го поздрави договорот за Сирија


Турција изрази „скептичен оптимизам“, откако САД и Русија постигнаа договор за Сирија. Според соопштението, Турција во принцип го поздравува уништувањето на секој вид оружје за масовно уништување во светот и во регионот, вклучувајќи го и хемиското. Анкара, како што е наведено го поздравува договорот и го смета за позитивен чекор. Во соопштението се порачува дека сирискиот режим „не треба да го злоупотребува договорот, за да добие време за извршување нови злосторства врз сирискиот народ“.
XS
SM
MD
LG