Достапни линкови

Урагани му се закануваат на Мексико


Мексико го погодија две бури, една на источниот брег, а другата на западниот. Властите соопштија дека неколку илјади луѓе биле евакуирани на Атланскиот брег во пресрет на ураганот Ингрид, чија брзина на ветровите ќе достигне до 130 километри на час. Се очекува ураганот во наредните денови да предизвика поплави и лизгање на земјиштето.
На западниот дел тропската бура Мануел се заканува исто така да прерасне во ураган. Некои патишта и комуникациски врски се отсечени, а и две од трите главни пристаништа за извоз на нафта се затворени.
XS
SM
MD
LG