Достапни линкови

logo-print

Повторно судири на турската полиција и демонстрантите


Протестите во Турција

Протестите во Турција

Турската полиција употребила солзавец и водени топови за да ги растера демонстрантите во градот Хатај во јужниот дел на земјата. Протестите се по повод смртта на 22 годишното момче Ахмет Атакан, кој загина за време на протестен митинг на 10 септември. Демонстрантите фрлале камења и петарди врз полицајците.
Во градот Коџаели демонстранти организирале протестен митинг и извикувале пароли „Нема да ги предадеме улиците на убијците“. Целта на демонстрантите е да стигнат пеш до плоштадот Таксим во Истанбул.
XS
SM
MD
LG