Достапни линкови

Индија успешно тестираше ракета со голем дострел


Илустрација

Илустрација

Индија успешно тестираше ракета, способна да носи нуклеарна боева глава, која може да има дострел до Пекинг или Европа, со што земјата ја однесе чекор напред во производство на интерконтинентална балистичка ракета.
Властите соопштија дека ракетата Агни-В ја погодила планираната цел. Според нив тестот ја исполнил мисијата. Индија се обидува да остане во чекор со растечката воена сила на Кина, а земјата исто така е загрижена и за зголемениот нуклеарен арсенал на Пакистан.
XS
SM
MD
LG