Достапни линкови

Загинаа 27 рудари во Авганистан


Најмалку 27 авганистански рудари загинале, а 20 биле повредени во западната покраина Саманган. Властите соопштија дека четворица припадници на спасувачките тимови биле повредени додека се обидувале да ги извлечат рударите кои се заробени под урнатините на рудникот. Според нив, околу 12 рудари се уште се наоѓаат под земја во рудникот за јаглен, кој се наоѓа на 120 километри одалеченост од Кабул. Во минатиот декември 11 рудари загинаа во Авганистан.
XS
SM
MD
LG