Достапни линкови

logo-print

Македонија втора по баратели на азил од Западен Балкан


Во земјите членки на ЕУ од 2009 година до мај 2013 година азил побарале 122.285 лица од Западен Балкан, според податоците на Евростат, што е речиси колку и бројот на жители на Подгорица, Мостар или Риека, јави Анадолија. Тоа значи дека во просек секој ден во изминатите четири години азил бараат по 76 луѓе од Балканот. Најмногу барања за азил има од Србија – 61.455, потоа Македонија со 26.050 барања.
Според тоа, само од Србија и Македонија има 75 отсто од сите барања за азил од државите од регинот. По нив, следува Албанија со 18.465, БиХ со 13.455 и Црна Гора со 2.870 барања за азил.
XS
SM
MD
LG