Достапни линкови

САД и Русија постигнаа договор за Сирија


Американскиот државен секретар Џон Кери и рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров

Американскиот државен секретар Џон Кери и рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров

САД и Русија по тридневните преговори во Женeва постигнаа согласност за хемиско разоружување на Сирија. Американскиот државен секретар Џон Кери говорејќи по средбата со рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави дека според договорот, Сирија ќе мора да обезбеди сеопфатна листа за резервите на хемиско оружје во рок од една недела. Тој порача дека со тоа ќе се обезбеди поголема заштита и сигурност на светот.
Според него, тимовите од двете земји постигнале заедничка проценка на постоечките залихи и дека Сирија мора да го уништи целото хемиско оружје. Двајцата лидери изјавија и дека во договорот е вклучена и временската рамка и процедурите кои Дамаск мора да ги почитува. Според двете страни, доколку Сирија не го испочитува нивното барање тие ќе бараат усвојување на резолуција од Советот за безбедност за преземање воена акција.
XS
SM
MD
LG