Достапни линкови

logo-print

Багаш-Турција долго чека да стане членка на ЕУ


Турскиот министер за ЕУ, Егемен Багаш изјави дека процесот на преговори за членство на земјата во европското семејство треба да биде вметнат во Книгата на рекорди на Гинис. Според него, пречките со кои се соочува Турција не биле дел од процесот на преговори со Унијата на ниту една друга држава.
Тој порача дека Турција долго чека да стане членка на ЕУ и дека во земјата се спроведени реформи според препораки од предпристапениот договор и изјави дека и натаму ќе продолжат со нивна реализација. Преговорите за членство на Турција во ЕУ почнаа во октомври 2005 година.
XS
SM
MD
LG