Достапни линкови

logo-print

Раст на БДП од 3,9 проценти во вториот квартал


Бруто домашниот производ во вториот квартал од годинава забележал раст од 3,9 проценти, соопшти Државниот завод за статистика. Најголем пораст, според податоците, е забележан во секторите Градежништото 33,2 проценти, Сообраќај, складирање и врски од 7,5 и Рударство и вадење на камен, Преработувачка индустрија и Снабдување со електрична енергија, гас и вода од 4,1 отсто. Финалната потрошувачка на домаќинствата вклучувајќи ги непрофитните институции кои им служат на домаќинствата, во однос на истиот период од 2012 година, номинално расте за 3,5 отсто, а нејзиното учество во струкурата на бруто-домашниот производ изнесува 75,9 отсто.
За истиот период, извозот на стоки и на услуги номинално пораснал за 1,1 отсто, а увозот на стоки и на услуги забележал зголемување во номинален износ од 1,3 отсто.
XS
SM
MD
LG