Достапни линкови

logo-print

Србија, БиХ и Црна Гора бараат од ЕУ мерки за азилантите


Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина апелираа до ЕУ да ги скратат привилегиите на подносителите на барањата за азил во текот на периодот на разгледување на барањето. Премиерот на Србија и министер за внатрешни работи Ивица Дачиќ, министерот за безбедност на БиХ Фахрудин Радончиќ и министерот за внатрешни работи на Црна Гора Рашко Коњевиќ на средбата во Сараево, изразија загриженост дека приливот на државјаните од нивните земји кои неосновано бараат азил во ЕУ би можело да ја наведе Унијата трајно да им го укине безвизниот режим.
Европскиот парламент усвои механизам што овозможува за граѓаните на земјите од кои доаѓаат лажните азиланти привремено повторно да се воведат визи.
XS
SM
MD
LG