Достапни линкови

Македонската влада ја укина мерката за условен увоз на брашно


Владата на Република Македонија од страна на надлежните институции беше информирана дека како резултат на мерката за условен увоз на брашно и на мерката за условен увоз на пченица е дојдено до стабилизација на пазарот во овој сегмент, и одлучи мерката за условен увоз на брашно од странство во Република Македонија да престане да важи на 15 септември во 00:00 часот. Ова вечерва го изјави вицепремиерот за економски прашања Владимир Пешевски по седницата на владата на РМ.

За укинувањето, како што рече, е информирана и Косовската влада.

- Има најави од косовските медиуми дека ќе биде укината и нивната мерка за забрана на увоз на македонски производи. Сепак за тоа останува да одлучи Косовската влада, рече Пешевски.

Оваа мерка беше причина за неколкудневната блокада на македонско - косовската граница и несогласувањата меѓу владите на Косово и на Македонија. Косово најнапред воведе делумно ембарго за увоз на македонски производи, а по воведувањето такси за влез во Македонија за патници и автомобили од Косово, Приштина и целосно го забрани увозот од Македонија.
XS
SM
MD
LG