Достапни линкови

logo-print

Анти-демократска држава


Александар Гочев, граѓански активист.

Александар Гочев, граѓански активист.

Граѓани, вие до Бристол, вам Ви се обраќам, доколку не сакате да живеете и да ги растете вашите деца во подрум, прозорците да ви гледаат во ѕидовите на Советот за радиодифузија, излезете, бидете новите партизани на современото време, дајте од Бристол да започне борбата за слободна и демократска Македонија, пишува граѓанскиот активист Александар Гочев во младинската он-лајн колумна на Радио Слободна Европа.

Сега, четириесет и осум часа по спектакуларното апсење на 11-те Паркобрани, се надевам дека на граѓаните сега сè им е јасно и ништо не им е чудно, ако можевме да ги разбереме да им беше нејасно убиството на Мартин Нешкоски, апсењето на Љубе Бошкоски, тепањето и исфрлањето на опозициони пратеници, притворањето на новинарот Кежаровски, разбирање за Паркобраните нема, не може ни да има.
Граѓани, вие до Бристол, вам Ви се обраќам, доколку не сакате да живеете и да ги растете вашите деца во подрум, прозорците да ви гледаат во ѕидовите на Советот за радиодифузија, излезете, бидете новите партизани на современото време, дајте од Бристол да започне борбата за слободна и демократска Македонија.

Денес во Македонија, констатации, правни квалификации, дијагнози и секакви останати теоретски фрази кои ќе се употребат за оваа власт се само релативизирање и протнување на злоделата на ДПМНЕ, на мала врата. Можеби на баграта од провладините медиуми ова ќе им боде очи, но досега наместо да ги дијагностициравме ДПМНЕ и власта, мислам дека е време да се обидеме да издадеме една општа, за севкупна употреба дијагноза за Македонските граѓани, колку и да изгледа дрско или безобразно, морам да кажам дека македонскиот народ е народ со посебни потреби, нема народ на земјинава топка што може толку мака и толку неправда да истрпи од својата власт.

Граѓаните на Центар ја осетија „долгата рака“ на ДПМНЕ, имено по три изборни круга, по три изборни катастрофални порази на ДПМНЕ во Центар, владејачката структура реши да им се одмазди на своите екс поддржувачи преку силување на нивната општина, населба, маало.

Од граѓаните на Центар треба и мора да започне конечната битка на слободоумните граѓани со оваа анти-демократска власт, мора од таа уште малце слободна територија која ни остана да ја започнеме борбата за ослободување, за демократија, не смееме да дозволиме Македонија да пропадне, да дозволивме да тргнеме надоле, немојте да им успее планот за систематско уништување на државата од внатре, од самите институции.

За апсење на 11 Паркобрани, 400 животни, ЕБР, ПЕП, Алфи, цивили и обични полицајци, полицијата постапувала по барање на сопственикот, сопственикот на парцелата е Владата на Република Македонија, инвеститор Служба за општи и заеднички работи на Влада.

Граѓани, вие до Бристол, вам Ви се обраќам, доколку не сакате да живеете и да ги растете вашите деца во подрум, прозорците да ви гледаат во ѕидовите на Советот за радиодифузија, излезете, бидете новите партизани на современото време, дајте од Бристол да започне борбата за слободна и демократска Македонија. Борбата за демократизација на Македонија мора да започне. Ќе победиме!!!

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG