Достапни линкови

Малала и Сноуден меѓу кандидатите за наградата Сахаров


Пакистанската активистка Малала Јоусафзаи, затворениот руски тајкун Михаил Ходорковски, бившиот соработник на американските служби за безбедност Едвард Сноуден и белоруските политички затвореници Алеш Биалиатски, Едуард Лобаи и Микола Статкевич се меѓу номинираните за наградата Сахаров за оваа година. Наградата, која е вредна 50.000 евра се доделува секоја година од страна на Европскиот парламент во чест на бранителите на човековите права и слободата на изразување.
Според нашиот дописник од Брисел, фаворит е Малала Јоусафзаи, кој минатата година беше застрелан во главата и вратот од страна на Талибанците, а потоа стана симбол за правата на жените на образование во Пакистан.
XS
SM
MD
LG