Достапни линкови

Владата денеска ќе одлучува за мерката за брашното


Владата на денешната седница треба да донесе одлука дали ќе ја укине мерката за забрана за увоз на брашно. Вицепремиерот за економски прашња Владимир Пешевски на прес-конференција во Владата, истакна ќе се разгледа состојбата на пазарот на брашно и врз основа на презентираните информации на надлежните институции ќе се донесе одлука за нејзино укинување или продолжување.
Тој додаде дека доколку се одлучи да биде укинато може да биде донесена одлука таа да стапи веднаш во сила, а може и по една недела. Мерката што Македонија ја воведе за условен увоз на брашно, како што образложија владини претставници, не беше насочена кон една држава, туку кон сите земји членки на ЦЕФТА и е во согласност со нејзината регулатива, за стабилизација на пазарот. Косово е единствената земја што реагираше со трговско ембарго, иако мерката не се однесува само кон неа.
XS
SM
MD
LG