Достапни линкови

Пешевски - формален договор со Косово не е потребен


Формален договор со Косово за укинување на блокадата не е ни потребно да се постигне, бидејќи мерката што ја воведе Македонија е одговор на мерката од косовската страна, изјави вицепремиерот за економски прашања Владимир Пешевски. Тој на прес-конференција во Владата рече дека македонската мерка е така напишана што автоматски ќе престане во моментот кога косовската страна ќе ја укине нивната мерка. Според него, нема економска оправданост за оваа мерка и оти се уште не се познати причините за нејзиното воведување и затоа беше и повикот за јавна дебата со претставници на косовската Влада на која би поразговарале за причините.Пешевски истакна дека најдобрата помош за компаниите е да не се попушти под притисок.
XS
SM
MD
LG