Достапни линкови

Хрватските цариници заплениле оружје од Србија


Цариниците во Риека заплениле повеќе контејнери со софистицирано вооружување-авионски ракети и ракети земја-земја. Според хрватскиот печат, оружјето потекнувало од Србија и оти царниците дојавата за контејнерите наводно ја добиле од разузнавачките служби. Весниците додаваат дека, пред се, станува збор за проектили „С-8“, што се наведувани ракети од руско производство. Со ова оружје, се додава, располaгаат многу армии во светот, а компатибилно е со советските типови авиони. Засега не се знае чие е оружјето.
XS
SM
MD
LG