Достапни линкови

Иг Нобелова награда за мир за Лукашенко


архива

архива

Белорускиот претседател Александар Лукашенко ја доби Иг Нобеловата награда за мир бидејќи забранувал аплаудирање во јавност. Оваа награда секоја година ја доделува Универзитет во Харвард со цел, како што се наведува, да насмее, но и да поттикне на размислување. Лукашенко и белоруската полиција се наградени за „апсење на човек со една рака поради тоа што аплаудирал на јавно место“. Пред две години белоруската опозиција одржуваше протести само со аплаудирање. Притоа бил уапсен и едноракиот човек по што бил казнет за аплаудирање на јавно место.
XS
SM
MD
LG