Достапни линкови

Путин ја поздрави сириската одлука за хемиското оружје


Рускиот претседател Владимир Путин

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека сириската одлука за приклучување кон меѓународната конвенција со која се забранува складирање на хемсико оружје мора да биде поздравена. Говорејќи на самиот на Шангајската организација за соработка во Бишкек, Киригистан, тој потенцира дека овој потег ги покажува сериозните немари на сириската влада. Претседателот Башар ал Асад вчера соопшти дека Сирија ја прифаќа конвецијата како дел од рускиот предлог за избегнување на заканата од американки воени удари. Шефовите на дипломатиите на Соединетите држави и на Русија Џон Кери и Сергеј Лавров во Женева разговараат за деталите на рускиот план. Путин денеска изјави ека Иран има право на нуклеарна енергија за мирољубиви цели.
XS
SM
MD
LG