Достапни линкови

Белата куќа: големата иронија на Путин


Белата куќа реагираше на колумната на рускиот претседател Владимир Путин за „Њујорк тајмс“. Во неа тој, меѓу другото, ги критикува Вашингтон за тендецијата да користи, како што наведува, „брутална сила“ во светските спорови.

Рускиот претседател Владимир Путин во написот ја става под прашалник „американската исклучителност“, што е своевидна реакција на оценките кои во телевизиското обраќање до нацијата ги искажа претседателот Барак Обама.
Портпаролот на Белата куќа Џим Керни изјави дека Русија нуди „остар контраст“ кој покажува зошто Америка е исклучителна, бидејќи ги почитува човековите права дома и во светот.

Керни оцени дека има голема иронија во тоа што Путин го објави написот во весник, симбол на слободата на изразување, нешто што, како што оцени, уназадува во Русија.

Според Керни, Путин е изолиран и единствен во обвинувањето на
Русија нуди „остар контраст“ кој покажува зошто Америка е исклучителна, бидејќи ги почитува човековите права дома и во светот.
Џим Керни, портпарол на Белата куќа.
сириските бунтовници за смртоносниот напад со хемиско оружје минатиот месец во едно предградие на Дамаск.

Западните медиуми, повикувајќи се на извори во Кремљ, јавуваат дека Путин ја напишал основната содржина на колумната во која предупредува против американската воена интервенција во Сирија.

Таа потоа била конкретизирана од неговите асистенти и во средата понудена на „Тајмс“ од фирмата за односи со јавноста „Кетчам“ која работи за руските интереси во Соединетите држави.

Од „Њујорк тајмс“ велат дека требало мало едитирање по што веднаш била објавена, односно пред средба на шефовите на дипломатиите на двете земји Џон Кери и Сергеј Лавров во Женева за Сирија.

Путиновиот портпарол Дмитри Песков изјави дека идејата за написот била на самиот претседател. Во неа Путин главно како екстремно опасна ја оценува забелешката на Барак Обама дека американската способност да дејствува против неправдите во светот е тоа што ја прави Америка исклучителна.

Сугестијата на Песков дека претседателот решил да напише колумна во средата, според аналитичарите, покажува дека тој бил испровоциран од изјавите на Обама кој во обраќањето во вторникот изјави дека Вашингтон ќе соработува со Русија околу ставањето под контрола на сириското хемиско оружје, но оти останува подготвен и воено да интервенира.

Според сенаторот Роберт Менендез, колумната на Путин всушност покажува колку е несериозен рускиот предлог за хемиското оружје во Сирија.

Во путиновата единствена колумна објавена во „Њујорк тајмс“ во 1999 година, тој ја оправдува воената акција за враќање на руската контрола врз Чеченија. Во неа тој ги замолува читателите да си претстават бомбардирање на Мехетен и вооружени милитанти во Монтана и Ајдахо.

Инаку, западните медиуми потсетуваат дека во февруари годинава Путин објави нова стратегија за руската надворешна политика во која меката сила и економската дипломатија се посочени како главни приоритети на руските односи со светот.
  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG