Достапни линкови

Казни за четворицата силувачи во Индија


Индиски суд денеска треба да им изрече казни на четворицата осудени за фаталното силување во декември лани кое предизвика бес во земјата. Тие беа прогласени за виновни за напад и силување на 23 годишна девојка која потоа почнина од здобиените повреди. Инцидентот поттикна протести во Индија, како и национална дебата за третманот на жената во таа земја. Четворицата осудени се соочуваат со доживотен затвор или смртна казна.
XS
SM
MD
LG