Достапни линкови

logo-print

Самит на Шангајската група во Бишкек


Во главниот град на Киргистан, Бишкек се одржува самит на Шангајската организација за соработка чија цел е поттикнување на економскиот развој и регионалната безбедност и соработка. По поздравното обраќање на домаќинот, киргискиот претседател Алмазбек Атамбаев, лидерите на Русија, Кина, Казахстан, Узбекистан и Таџикистан ги продолжија разговорите зад затворена врата. Авганистан, Пакистан, Иран, Монголија и Индија се набљудувачи, а партнери за дијалог се Турција, Белорусија и Шри Ланка. Новиот претседател на Иран Хасан Рохани има најавено билатерални средби со претседателите на Русија, Кина и Авганистан.
XS
SM
MD
LG