Достапни линкови

logo-print

Владата демантира дека е постигнат договор со Косово


Македонската влада демантираат дека е постигнат некаков договор помеѓу земјава и Косово. Претходно македонските медиуми, повикувајќи се на косовскиот весник Експрес, јавија дека е постигнат договор за надминување на трговската криза и слободно движење меѓу двете земји.

„Нема договор за укинување на косовските забрани за увоз на македонски производи на Косово и македонската мерка за наплата за влез на косовски граѓани и превозни средства во Македонија. Во суштина таков договор и не е потребен затоа што со самото укинување на забраните од косовска страна ќе престане да важи и македонската мерка за наплата на надоместок, бидејќи таа наша мерка е и така формулирана во самата одлука – да престане да важи кога ќе се тргне косовската забрана“, се вели во реакцијата на македонската Влада.
XS
SM
MD
LG