Достапни линкови

Ахмети и Тачи на средба со амбасадори од земјите-членки на ОБСЕ


Архивска фотографија: Претседателот на ДУИ Али Ахмети.

Архивска фотографија: Претседателот на ДУИ Али Ахмети.

Претседателите на ДУИ и на ДПА, Али Ахмети и Мендух Тачи, синоќа во тетовската канцеларија на Мисијата на ОБСЕ се сретнаа со амбасадори од земјите-членки на ОБСЕ. Според двајцата партиски лидери, главни теми за разговор биле актуелните состојби во земјата и регионот, со посебен осврт на спроведувањето на Охридскиот рамковен договор, односите на Македонија со соседите и меѓуетничките односи во земјата.
XS
SM
MD
LG