Достапни линкови

Кери и Лавров на разговори за хемиско разоружување на Сирија


Американскиот државен секретар Џон Кери и рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров во Женева.

Американскиот државен секретар Џон Кери и рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров во Женева.

Американскиот државен секретар Џон Кери и рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров во Женева ги почнаа разговорите за разоружување на Сирија од хемиското оружје. Кери ја повтори американската позиција дека може да биде потребна воена акција против Сирија ако не успее дипломатската акција против залихите со хемиско оружје на претседателот Башар ал-Асад. Лавров, пак, јасно стави до знаење дека Русија сака САД засега да ги остават воените закани настрана. ОН потврдија дека сириската влада ги доставила документите за приклучување кон глобалниот договор против хемиското оружје. Владата на Асад се согласи со рускиот план да го предаде својот хемиски арсенал под меѓународна контрола и да се придружи на конвенцијата против хемиското оружје. САД се закани со воена акција врз Сирија по хемискиот напад извршен за 21 август во предградие на Дамаск. Асад претходно во интервју за една руска телевизија изјави дека се согласил да го предаде хемиското оружје поради руската дипломатија, а не поради американските закани.
XS
SM
MD
LG