Достапни линкови

Самит на Шангајската организација за соработка во Бишкек


Шангајската организација за соработка, лого.

Шангајската организација за соработка, лого.

Лидерите на шесте земји од Шангајската организација за соработка(ШОС) се собираат во главниот град на Киргистан, Бишкек, на Самит за поттикнување на економскиот развој и регионалната безбедност и соработка. На денешниот самит ќе присуствуваат и набљудувачите во ШОС, специјални гости и „партнери во дијалогот“.

Членки на организацијата се Русија, Кина, Киргистан, Казахстан, Узбекистан и Таџикистан. Туркменистан е „специјално поканет“. Авганистан, Пакистан, Иран, Монголија и Индија се набљудувачи, а партнери за дијалог се Турција, Белорусија и Шри Ланка.

Новиот претседател на Иран Хасан Рохани за време на Самитот има закажано билатерални средби со претседателите на Русија, Кина и Авганистан. Авганистанскиот претседател Хамид Карзаи, пак, ќе се сретне и со претседателите на Русија, Кина и Киргистан.

Руските власти соопштија дека безбедносната ситуација во Авганистан во пресрет на планираното повлекување на силите на НАТО од земјата до крајот на наредната година бара внимание од Шангајската организација за соработка.
XS
SM
MD
LG