Достапни линкови

Белата куќа одговори на колумната на Путин во Њујорк Тајмс


Белата куќа одговори на колумната на рускиот претседател Владимир Путин објавена во Њујорк Тајмс. Во текстот, Путин ги критикува САД за, како што рече, тенденцијата да користат „брутална сила“ во споровите во светот. Путин исто така ја стави под прашалник „исклучителноста на Американците“, осврнувајќи се на говорот на американскиот претседател Барак Обама за време на неговото телевизиско обраќање во врска со Сирија.

Портпаролот на Белата куќа, Џеј Карни, рече дека „Русија нуди остар контраст кој покажува зошто Америка е исклучителна“ со тоа што ги поддржува човековите права и дома и во странство. Карни рече дека е голема иронија што Путин ја објавил колумната во весник што е симбол на слободата на изразување, нешто, како што рече Карни, е во пад во Русија. Тој исто рака додаде дека Путин е „изолиран и сам“ во обвинувањата на сириските бунтовници за нападот со хемиско оружје во близина на Дамаск.
XS
SM
MD
LG