Достапни линкови

Најмалку 14 загинати во пожар во психијатриска болница во Русија


Илустрација.

Илустрација.

Најмалку 14 луѓе загинаа, а 37 се исчезнати, во пожар што изутрината зафати психијатриска болница во регионот Новогород во северозападниот дел на Русија, информира руското Министерство за вонредни состојби. Властите се сомневаат дека дел од исчезнатите избегале од болницата и преживеале. Руските медиуми објавија дека инспекторите се сомневаат оти пожарот бил предизвикан од еден од пациентите кој си го запалил креветот. Ова е втор голем пожар со жртви во психијатриска клиника во Русија годинава. Во април, во пожар во установа во близина на Москва загинаа 38 луѓе, по што следуваа критики за државната нега на ментално болните пациенти.
XS
SM
MD
LG