Достапни линкови

Тројца Ујгури осудени на смрт во Кина поради „насилен тероризам“


Архивска фотографија: Етнички Ујгури се молат во џамија во провинцијата Ксинџијанг во Кина.

Архивска фотографија: Етнички Ујгури се молат во џамија во провинцијата Ксинџијанг во Кина.

Тројца етнички Ујгури се осудени на смрт, а еден е осуден на 25 години затвор поради акти на „насилен тероризам“, одлучи судот во кинескиот регион, Ксинџијанг. Осудените се виновни за инцидентите во јуни, кога во местото Лукчун, Ујгури вооружени со ножеви нападнаа полициска станица и уште неколку институции. Потоа полицијата отвори оган кон напаѓачите. Триесет и пет лица загинаа во инцидентот. Во Ксинџијанг живеат мнозинство туркофони муслимани Ујгури, но во последните години се населуваат припадници на кинески народ Хан од другите делови на Кина, за да работат во нафтениот сектор. Нивното присуство таму предизвика судири со Ујгурите.
XS
SM
MD
LG