Достапни линкови

НАСА - Војаџер 1 го напушти сончевиот систем


Леталото Војаџер 1 беше лансирано на 5 септември 1977 година.

Леталото Војаџер 1 беше лансирано на 5 септември 1977 година.

Американската вселенска агенција НАСА потврди дека леталото Војаџер 1 го напуштило сончевиот систем. НАСА соопшти дека вселенското летало го напуштило сончевиот систем уште минатата година, но оти вселенската агенција дури сега потврдила дека Војаџер 1 е надвор од влијанието на Сонцето. Леталото што користи енергија од плутониум е на околу 18,5 милијарди километри од Сонцето и се движи низ меѓуѕвездениот простор. Војаџер 1 беше лансиран во 1977 година заедно со неговиот придружник Војаџер 2. Во изминатиов период леталата на земјата испратија снимки од Јупитер, Сатурн, Уран и Нептун, како и од десетици нивни месечини. Војаџер 2 е оддалечен околу 15 милијарди километри од Сонцето, и ако сè оди по планот, се очекува да го напушти сончевиот систем за околу 3 години.
XS
SM
MD
LG