Достапни линкови

Уапсени 12 чешки фудбалери за местење натпревари


Илустрација

Илустрација

Чешката полиција уапси 12 фудбалери, во рамките на истрагата за местење натпревари. Тие се обвинети за учество во манипулации со резултатите од фудбалски натпревари, соопшти портпарол на полицијата во Прага. Биле распрашувани уште 20 фудбалери, а станува збор за играчи од првата до третата чешка лига. Некои од доказите укажувале дека осомничените биле инволвирани во меѓународна мрежа на местење натпревари, заради заработка од кладилници.
XS
SM
MD
LG