Достапни линкови

МВР до Жерновски: Работиме според законот


Веќе никого не изненадуваат обидите за манипулации и пласирањето лаги, бидејќи е сосема очекувано неработењето и непознавањето на законската регулатива, како и еднонеделното отсуство од работа и целовечерните забави во Словенија да се покриваат на ваков несериозен начин, е реакцијата од МВР на изјавите на градоначалникот на Центар, Андреј Жерновски и потпретседателот на СДСМ, Дамјан Манчевски.

Според МВР, врвот на СДСМ или не ја познава законската регулатива или намерно застанува на страна на прекршителите на законот.
- СДСМ практично предлага дека кој сака, кога ќе посака може да влезе во сечиј дом и институциите не смеат да помогнат иако граѓанинот поседува доказ за сопственост. Граѓаните знаат дека форсирањето на ваква политика на непочитување на законите, самоволие и анархија е погубно за секоја држава.
МВР работело, работи и ќе продолжи да работи согласно законите, постапувајќи неселективно и во одбрана на демократијата, стои, меѓу другото, во писмената реакција.
XS
SM
MD
LG